На меѓународниот натпревар за млади пијанисти “Стеван Мокрањац”, кој викендов се одржа во Врање – Србија, во конкуренција од 17 кандидати, нашиот пијанист Теодор Смиљков ја освои втората награда.
На натпреварот учествуваа кандидати од повеќе градови од Македонија, Србија и Бугарија, а Теодор беше единствениот претставник од Крива Паланка.
Теодор Смиљков е ученик во деветто одделение во ООУ “Јоаким Крчовски” во класата на проф. Лариса Жулина-Митовски.Неодамна го освои првото место на на престижниот Меѓународен натпревар „Golden piano talents.