Втора година по ред, учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка успешно учествуваа во меѓународниот ЕКО проект „Climate Action Project – 2024“. Проектот за климатска акција траеше шест недели и им овозможи на учениците да ги истражуваат климатските промени и да развијат решенија за заштита на животната средина. Тие активно учествуваа во проектот, соработуваа и презедоа акција за справување со климатските промени, што им помогна да стекнат важни вештини за решавање на глобалните предизвици.
Во рамките на проектот беа засадени зимзелени дрвја, како дел од практичната акција за заштита на природата. Учениците активно учествуваа во решавање квизови за климатски промени, што им овозможи да ја продлабочат својата еколошка свест и да ги тестираат своите знаења за глобалните климатски предизвици.
Проектот за климатска акција е дел од глобална мрежа на наставници и ученици од 171 земја, а поддржан е од истакнати личности како принцот Вилијам, Дејвид Атенборо, д-р Џејн Гудал и многу други.
Со завршувањето на проектот, учениците не само што ја збогатија својата еколошка свест, туку и активно учествуваа во создавањето на подобра иднина за планетата. Благодарност до сите наставници и ученици кои учествуваа во оваа глобална иницијатива!
Координатор на проектот: наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски
Тестирајте го вашето знаење за климатските промени преку нашиот специјално подготвен квиз! Кликнете на следниот линк или скенирајте го QR-кодот за пристап: