Во периодот од 2 Ноември до 7 Декември 2022 година во рамките на Ерасмус плус проектот “Целиот свет е сцена” нашето училиште учествуваше на петтата мобилност во Сталова Вола, Полска. Претставници кои зедоа учество беа наставниците Елена М. Давидовска наставник по англиски јазик воедно и координатор на проектот и Викторија Груевска психолог како и учениците Мила Цветановска, Матеја Стефановска, Нела Стојчевска и Стефанија Алексовска. Целта на овој проект беше преку театар и актерство да се усовршат вештините по англиски јазик. Учениците и наставниците имаа можност да де запознаат и разменат искуства со учесници од пет други европски држави меѓу кои освен С. Македонија и Полска учествуваа и Турција, Португалија, Романија и Италија. Во рамките на мобилноста беа посетени повеќе места во Полска како Краков и околината,рудникот за сол , Жешов, Сандомиеж како и други познати туристички места. Еден ден од мобилноста беше резервиран за готвење на традиционални јадења каде сите учесници имаа можност да се запознаат со традиционалната кујна на земјите партнери. Имаше посета на многу административни и бизнис места во градот. Мобилноста заврши со филмувана верзија на куклената театарска претстава Christmas Carol во изведба на сите ученици кои беа учесници во мобилноста. Имаше и посета на градоначалникот каде срдечно бевме примени. Градоначалникот им врачи подароци на сите учесници на проектот и се заблагодари за посетата и успешната реализацијата на проектот.Ова вооедно беше и финална мобилност на овој проект преку кој 20 ученика и 10 наставници имаа можност да се вклучат и да бидат дел од работата на истиот. Целиот проект е финансиран од страна на Европската унија