Во период од 1до 8 Oктомври 2022 година во рамките на Ерасмус плус проектот “Целиот свет е сцена” нашето училиште учествуваше на четвртата мобилност во Сантерамо, Италија.
Претставници кои зедоа учество беа наставниците Елена М. Давидовска наставник по англиски јазик воедно и координатор на проектот и Габриела Стојановска како и учениците Миа Марија Велковска, Невена Стефановска, Адријан Блажевски ,Константин Давидовсли и Иван Стојановски . Целта на овој проект е преку театар и актерство да се усовршат вештините по англиски јазик.Учениците и наставниците имаа можност да де запознаат и разменат искуства со учесници од пет други европски држави меѓу кои освен С. Македонија и Италија учествуваа и Полска, Португалија, Романија и Турција.
Во рамките на мобилноста беа посетени повеќе места во јужна Италија како Бари и познатиот театар Петручели во Бари,Трани и Барлета на јадранскиот брег, како и Алберобело,познато туристичко место во коешто имавме можност да ги видиме познатите куќички”трули”направену од камен. Имаше посета и на Матера и Гравина ,места каде познати актери и режисери имаат снимано филмови како Џејмс Бонд и Мел Гибсон.
Мобилноста заврши со филмувана верзија на театарска претстава Hansel and Gretаl во изведба на сите ученици кои беа учесници во мобилноста. Имаше и посета на општината и градоначалникот каде срдечно бевме примени и разговаравме за приликите во општините низ Италија. Градоначалникот врачи подароци на сите координатори на проектот и се заблагодари за посетата и успешната реализацијата на проектот. Целиот проект е финансиран од страна на европската унија.